facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

НАШИ ПРИЈАТЕЛИ

 

 

Од неодамна на YOUTUBE сретнав еден специфичен канал именуван како BRANIMIR ŠTULIĆ каде беа објавени повеќе песни-обработки од познатиот Бранимир Штулиќ поранешен гитарист и пеач во групата АЗРА.

Кога го видов името на каналот на youtube ми текна за едно интервју со Бранимир Штулиќ кој го имав прочитано некаде 2002 или 2003 (незнам точно) во кое Штулиќ говореше за мотивите зошто не се враќа во својата Хрватска или пак воопшто на Балканот, како и за својата вљубеност во македонската музика воопшто. Уште тогаш според тоа интервју човекот ми остави мистериозен впечаток на голема личност и авангарден морал и вредности.

За ликот и делото на овој "Светски човек" може да се напише повеќетомна историографија. Овде  тоа нема да го правиме, само ке напоменеме дека Бранимир Штулиќ е роден во Скопје на 11-ти април 1953 година. Тој е еден од најзнаменитите претставници на т.н. Нов бран ( анг. New wave) на просторот на поранешна Југославија, а можеби и пошироко со оглед на ограниченоста на промоција на делата на Штулиќ и Азра. Во период од 1980 до 1988 година групата Азра ги издава својот музички опус по што свесно или несвесно се препушта на превезот на заборавот. Но заборавот не пристигна онака како што ни самите членови на бендот претпоставуваа. Редицата на млади следбеници пополека стана редица на возрасни следбеници, но патем се појавуваа нови генерации на млади следбеници. Распадот на Југославија во 90-тите години од минатиот век одигра поголема улога на процутот на влијанието на музиката (но и филозофијата) на Азра кај генерациите кои се затекнаа во виорот на војните. Некако безнадежно изгледаше целиот тој дух на Азра под тропотот на чизмите на армиите кои во тоа време пламтеа со својата глупост и ѕверска жед за "братска" крв.

branimirtulibranimir stulic_tabfull

Се испоуби што можеше да се испоубие, и еве и после "вечната" Југославија Азра повторно живее најмногу преку името на Бранимир Штулиќ. Секако републиката youtube игра голема улога во егзистенцијата на граѓанинот Штулиќ кој најмногу од се себеси најверојатно се сваќа и доживува како граѓанин на светот, кој разочаран од братоубиствената војна во Југославија живее повлечен живот во Холандија, не сакајќи притоа да збборува што мисли за Балканот за кој ја посвети една од своите најзнаменити песни.

Во продолжение Ви пренесуваме повеќе интернет врски на кои се достапни информации за Штулиќ и Азра

http://www.last.fm/music/Azra,

Интернет страница направена од фан,

Wikipedia

Секако песните на Штулиќ ке продолжат да живеат и понатаму преку старите и новите генерации на следбеници и консументи на авангарниот Rock 'n Roll.

За сите оние кои првпат слушаат за Азра и Штулиќ, пребарајте по интернет понекоја песна и преслушајте. Погоре споменатиот youtube канал посветен на Штулиќ е добра основа и повод да почнете да ја восприемате вистинската цивилизаторска придобивка на музиката родена во едно друго време.

За добрите познавачи на делото на Азра (Штулиќ) немаме ништо посебно да им порачаме, освен да се обидат да пренесат дел од пораките и менталитетот на оваа жива легенда која со право ја вклучуваме во нашата нова рубрика на овој веб сајт.

Во продолжение две песни кои за авторот на овој текст се едни од најрезистентните на налетот на заборавот под плаштот на времето,

 

 

како и една песна која е преработка на позната македонска тема

 

И ДА! ЏОНИ ШТУЛИЌ Е ЖИВА ЛЕГЕНДА...ЧОВЕКОТ Е ЧОВЕК....

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Рецензии - Ретро римајндер

Поврзани статии

Број на посети:914Рејтинг:0Категорија:Ретро римајндер
fico-zastava-retro-rimajnder Никаков! На 125 км/час фиќото се распаѓа... Евапоризира.... Оваа мала шега беше редовна во почетокот...
Објавено на 03 Мај 2014, 10.04 часот.
Број на посети:922Рејтинг:0Категорија:Ретро римајндер
valentinosarajevobihНема да излажам ако кажам дека музиката на овој бенд за првпат ја слушнав во 1989 година, и ми остави...
Објавено на 20 Октомври 2013, 07.49 часот.
Број на посети:1008Рејтинг:0Категорија:Ретро римајндер
rukujuserukujuВеројатно "Се водат за рака"... Група Зана (не Жана) и Наташа Живковиќ... Најпрво ке кажам дека...
Објавено на 19 Октомври 2013, 10.10 часот.
loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#