Премиерот Никола Груевски во својот говор на 24-та годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ најави широк пакет на стимулативни мерки на Владата на Република Македонија за повеќе населени места во државата слични по повеќе карактеристики со Делчево.
Осврнувајки се на поволностите за инвестирање во поголемите регионални центри во Република Македонија како што се Скопје, Штип, Битола, Прилеп, Велес и слични градови, Премиерот ги нагласи недостатоците на помалите места како Крушево, Ростуше, Скудриње, Пехчево, Берово, Ресен, Кривогаштани, Дебарца, Старо Нагоричане, Чучер Сандево, Липково, Лабуншта, Конче, Пласница, Теарце, Јагуновце, Делчево, Вевчани и други слични градови....
Во овие места каде има помалку по бројност население и недостиг на одредени стручни профилирани кадри, кои се настрана од главните сообраќајни делници на патно поврзување, реално многу е потежок процесот за донесување на одлуки од страна на потенцијалните инвеститори за влез на нов свеж капитал за развј на бизнис со кој ќе се намалува бројот на невработени лица. Со зголемувањето на вработеноста реално би се зголемувалаперспективата и развојот на самите населени места со далекусежни позитивни последици за општтиот општествен развој на истите.
За наредните денови и недели Премиерот најави разработка на нови владини мерки со кои би требало да се даде дополнителен стимул од финансиска природа, на домашните но и странските компании за отварање на нови работни места за вработување на невработените во наброените општини вклучувајки го и Делчево.
Овие нови мерки најдоцна од септември и октомври 2015 година би требало да почнат да се нудат на домашните и странските потенцијални инвеститори со што значително ќе се овозможи поголем интерес за инвестиции во овој сегмент на развој на државата.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |