Градоначалникот на Општина Длечево г-дин Дарко Шехтански на најдобар можен начин на граѓаните на Општина Длечево и целокупната македонска јавност им го честиташе 7-ми Септември денот на ослободувањето на Делчево и 8-ми Септември денот на независноста на Р. Македонија..
Тој пред присутните граѓани, домашни и странски гости, Советниците од Советот на Општина Делчево, пријатели од збратимените градови и присутните медиуми во рамки на свечената седница на Советот која се одржа на 06.09.2014 година во Спомен домот АСНОМ во Делчево со почеток во 11.00 часот, ги презентираше најзначајните проекти реализирани во периодот септември 2013-септември 2014 година.
Исто така градоначалникот Шехтански ги презентираше и актуелните тековни проекти од поголемо значење за граѓаните на Делчево како и некои од позначајните проекти кои ќе започнат да се реализираат до крајот на тековната календарска година.
Презентацијата со целокупните вакви проекти, подготвена за оваа прилика е достапна во продолжение.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |