Денеска случајните минувачи покрај кејот на реката Брегалница во центарот на Делчево имаа несекојдневна можност после повеќе години да го забележат полнењето на регулираното корито преградено со новата гумена брана која беше поставена во изминатиот период.
Станува збор за завршни активности поврзани со реализацијата на проект имплементиран од страна на Општина Делчево во изминатата година, со кој што се замени постојната гумена преграда која што беше целосно нефункционална со обзир на физичките оштетувања на истата, како и реконструкција на каналскиот систем покрај самата река кој што слуи за наводнување на земјоделски површини од десната страна на реката брегалница низводно во непосредна близина на градот Делчево.
Гумената преграда е особено важна за периодичното подигање на нивото на водата со што централното градско јадро добива на подобар визуелен лик особено во летните периоди кога има евидентен недостиг на вода во речното корито.
Парелелно со реализацијата на овој проект тековно се гради и дел од самата регулација со повеќе придружни елементи (каскадни прагови од бетон, појасни прагови од мрежни габиони со камен, дел од бетонски канал, слапиште, темели и заштитни обработени косини на минор и мајор коритото), во должина од околу 100-тина метри. Овие два капитални проекти се од огромно значење за Делчево од повеќе аспекти, но главниот е заштита и превенција од поплави во овој дел од течението на реката Брегалница, која со надоаѓање на големи поплавни бранови, знае да предизвика поголеми проблеми со своето течение.
Во очекување на успешно финализирање на овие два проекти можеме само да посакаме на понатамошна успешна реализација на исти или слични вакви проекти од страна на Градоначалникот Дарко Шехтански, во иднина.
< Пред | Следно > |
---|
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |