facebook round_1     like 1     google plus_logo_1     google plus_pages-logo_1     twitter round_logo_1     youtube logo_1     pinterest logo_1     rss logo_1

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#
loading...

Кочо Рацин - Бели мугри

Бели мугри е збирка поезија од Кочо Рацин, објавена во 1939 година во Самобор близу Загреб. Таа е трета стихозбирка објавена на македонски јазик по стихозбирките на Венко Марковски, „Народни бигори“ и „Огинот“, објавени во 1938 година.

Стихозбирката е испечатена на 25 ноември во печатницата на Драгутин Шпулер во 4.000 примероци. Според вообичаената комунистичка практика, насловот е испечатен со црвени букви, а поради опасноста да се дознае идентитетот на авторот, Коста Солев ја објавува под псевдонимот „К. Рацин“.

Црвен наслов на корицата, а над него името К.Рацин. Импресивен симболичен наслов што означува премин од темнината, од тешкото ропство што го носеше неговиот народ кон светлината на денот што се раѓа, чекорење кон новиот ден на деновите.

Извонредно крупен настан во културната и политичката историја на македонскиот народ и пошироко. Тоа е врвен дострел на неговото творештво. Дело неделиво од неговиот живот и неговото класно и национално определување. Дело со кое ги потврдува можностите за изразување и на најсуптилните чувства на јазикот кој е забрануван и одрекуван. Творечки се потпира врз достоинствата што ги носи македонското народно епско и лирско творештво збогатени со сопствен творечки однос. Се создава поезија изворна и своевидна, автентична и длабоко доживеана со јазик на убавината. Со полна поетска сугестивност и емотивност ги изразува црнилата на животот на македонскиот човек и вечните стремежи на човекот за подобар, поправичен свет, песни што ќе ги отворат прозорците за племенит културен натпревар со другите народи во светот. Со „Бели мугри“ се отвори пат на современата македонска литература и така Кочо Рацин стана основоположник на современата македонска литература.

Полицискиот режим ја оценува големината и значењето на оваа книга во будењето на националната и класната револуционерна свест, на самосвеста на македонскиот народ и отпочнува со голема потера по авторот и книгата „Бели мугри“. Се испраќаат потерници од Министерството за внатрешни работи и банските управи до сремските начелства и испостави за запленување на „Бели мугри“ и за апсење на Рацина.

„Бели мугри“ од Самобор по разни патишта се пренесува низ Југославија и како буревесник ја огласува свеста на македонскиот човек за неговите права на слободен живот.

Со неговото перо се искажува богата творечка природа, што извира од корените на животот, на угнетениот и поробениот народ, за да мине во пркос и отпор, за чекорење кон сончевата слобода. Со својата поезија на македонски јазик, тој ги создаваше вредностите на македонската национална култура и го објавуваше нејзиното право на слободен развиток токму во времето кога беше одрекувана и забранувана.

Рацин го завршува животот на трагичен начин. Вечерта на 13 јуни, додека се враќал во партизанската печатница на планината Лопушник, Кичевско, смртоносно бил застрелан од стражарот којшто го чувал пристапот кон печатницата.


1.ДЕНОВИ

2.ПЕЧАЛ

3.СЕЛСКА МАКА

4.ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

5.ЛЕНКА

6.ПРОШТАВАЊЕ

7.БАЛАДА ЗА НЕПОЗНАТИОТ

8.ЕЛЕГИИ ЗА ТЕБЕ

9.УТРОТО НАД НАС

10.ТАТУНЧО

11.НА СТРУГА ДУЌАН ДА ИМАМ

12. КОПАЧИТЕ


 

ДЕНОВИ

Како на вратот гердани

ниски камења студени

така на плешки денови

легнале та натежнале

Денови ли се - денови

аргатски маки големи!

Стани си утре порано

дојди си вечер подоцна,

наутро радост понеси

навечер тага донеси -

ај, пусти да е, пуст да би

останал живот кучешки!

Роди се човек - роб биди

роди се човек - скот умри,

скотски цел живот работи

за други туѓи имоти.

За туѓи бели дворови

копај си црни гробови!

За себе само ргај си

за себе маки тргај си -

нижи  си гедан денови

нижи си алки ковани,

нижи си синџир железен

околу вратот навезен!

Со оваа песна Рацин го изкажува  своето незадоволство, од тешкото ропство што го носеше неговиот народ , кон светлината  на денот што се раѓа.Чекорење кон новиот ден на деновите. Секој ден за македонскиот народ бил мачен, луѓето работеле за едно парче леб, и пак ништо не добивале. Иако толку макотрпно работеле, надежта била онаа што ги држела на нозе, да го истрпат денот што доаѓа и си оди. Секој ден македонскиот народ се борел за подобра иднина, за подобро утре, знаејќи дека еден ден таа нивна мака ќе се исплати, да ја видат својата земја слободна, ослободена од сите стеги и ропства. Тие денови биле за нив синџир железен, и навезен околу вратот, од којшто секој ден чекале да се ослободат, и да ја видат светлината, односно преминот од темниот тунел кон светлината.


ТУТУНОБЕРАЧИТЕ

На кантар студен со туч го мерат

а можат ли да го измерат,

нашиов тутун - нашава мака

нашава солена пот!

Од темни зори на утрини летни

до никоја доба на вечери зимни

тој гладно пие тагата наша

и потта и крвта и снагата ни.

Ж'лт - ж'лти прави лицата бледни

и ж'лта гостинка у градите носи.

По утрини росни, по мугрите пресни,

наведени ничкум по полињата родни

зачмаени ние го береме.

Лист по лист кини

лист по лист нижи

лист по лист превртуј, притискај,

лист по лист милно, таговно реди

и на долга низа од капки пот

и надеж со клетва и зелена јад,

со корав поглед на очите матни

по кревките лисја ж'лтозлатни

прикаска горка на живот клет

нанижи безгласна а така јасна.

Та незнаш ли?

Денот ли дојде тој да се мери -

мерка му нема, а в градите длаби

без да се запре, без дно да најде

не тага а клетва, и во очите матни

и не сакајќи сама се дига

фуријата.

Кантарот носи лисјето златно

а в гради луто далгите беснат

на ж'лтата мака - на ж'лтиот тутун

на ж'лтата пот на рацете ни!

Со ништо не можела да се измери маката на македонскиот  народ, кој дење и ноќе постојано работел на полето и го берел тутунот. Тутунот бил оној кој ја пиел маката на нашиот народ, претворајќи ги нивните лица од бели во жолти. Te{kata maka gi prinuduvala  tutunoberачите да продолжат да ги нижат лисјата туутун. Нижејќи ги лисјата тутун, тие тажно меѓу себе си раскажувале приказна тажна, за животот тежок и мачен. Толку бил долг денот за тутуноберачите, што тие не знаеле како ќе заврши денот, дали ќе успеат да го нанижат целиот тутун, зошто земјопоседниците уште повеќе ќе ги мачеле да ја завршат својата работа. Нивната пот станала жолта пот иста како и самиот тутун.  Пораката на Рацин со оваа песна била ’’ Организирајте се , борете се за слободна продажба на тутунот’’.


ЛЕНКА

„Биљана платно белеше...“

Откако Ленка остави

кошула тенка ленена

недовезена на разбој

и на наломи отиде

тутун да реди в монопол -

лицето и се измени

веѓи паднаја надолу

и усти свиа кораво.

Не беше Ленка родена

за тиа пусти тутуни!

Тутуни - жлти отрови

за гради - китки розови.

Прва година помина

грутка в срцето и легна,

втора година намина

болест ја в гради искина.

Трета година земјата

на Ленка покри снагата.

И ноќе кога месечко

гроб и со свила виеше

ветерчок тихо над неа

жална и тага рееше:

„Зошто ми, зошто остана

кошула недоткаена?

Кошула беше дарована...“

Со оваа песна Коста Солев Рацин ги изразува црнилата на животот на  македонскиот човек, како и неговата вечна борба за подобар и поправичен живот.  Само за да преживее, и за да опстане , самиот мачен живот ја принудил Ленка да ја остави ленената кошула, и да реди тутун за  да заработи за живот и  да преживее. Толку била тешка работата што целата снага и опаднала,  усните од меки и станале корави. Заради таквиот ропски живот на Ленка и поминала целата младост, со работа со мака. Три години младоста ја оставила редејќи тутун, од тие тешки денови таа се разболува, од тие отрови и на крај умира. Ленка за да опстане во својот живот остава се и иако кошулата што ја везела била даровна, таа сепак не успеала да ја довезе поради таквото робување.


Пишува: Brokula

Името на авторот му е познато на уредникот

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com
loading...

Не лутајте по Интернет...Пронајдете ја вистинската информација...Следете не!!!

Baner delcevoGlobalOnline FB bel Baner delcevoGlobalOnline twitter bel Baner delcevoGlobalOnline YT bel Baner delcevoGlobalOnline Google bel Baner delcevoGlobalOnline linkedin bel

 Понуда за рекламирање на нашиот веб портал: 1.Банер со текст, фото, лого -Статички (неанимиран), -Со... #Најповолни понуди# I.Основни понуди1.Basic понуда -До 4 страни (функционални линкови) -Професионална обработка на вашиот... #Најповолни понуди# Одберете го вашиот хостинг план која најмногу ви одговара за вашите потреби.   Ultimate Hosting... #Најповолни понуди# Изработка на секаков вид на дизајн за промотивни материјали за вашата компанија и и вашиот бизнис.... #Најповолни понуди# Текст за лого и корпоративен дизајн #Најповолни понуди# Создадете фото приказна која ке им ја раскажувате на вашите најмили, повторно и повторно. Креирање на... #Најповолни понуди# Снимање, монтажа, репродукција, и умножување на видео материјал, по ваша желба, и за вашите потреби. Одберете... #Најповолни понуди# Изработка на Flash анимирана веб страна со напредни визуелни, графички и светлосни ефекти, со статична... #Најповолни понуди#