Миле Ѓорѓијоски е роден во 1957 година во Кичево. Во својата досегашна авторска дејност ги има создадено следните дела:
“Пет до дванаесет“( афоризми)
“Откоси“ ( афоризми)
“Строго недоверливо“( афоризми)
“Нешто друго“ ( афоризми)
“Низ иглени уши“( афоризми)
“Цврст аргумент“( афоризми“
“Тоа е тоа“ ( хуморески )
“Рингишпил“,“Турците доаѓаат“,“Некоректен мртовец“,“Нешто мрда“.
“Ах тие бројки“
“Повеќепартиска кафеана“,“Трета светска војна“.
Истовремено во текот на неговата богата авторска дејност има добиено голем број на признанија и награди:
Награда за хумореска на годината “Јежев хумор“ Београд
Награда за сатиричен коментар “Јеж Београд
Награда за скеч “Хихирику“ Скопје
Награда за сатиричен коментар “Остен“ Скопје.
Награда на “Остен“ за еротски афоризми
Златна плакета за афоризми ИФАК
Сребрена плакета за афоризми ИФАК
Бронзена плакета за афоризми ИФАК
Оснoвач и раководител на “Експериментално театарче“-Делчево.
Автор на Емисија за хумор и сатира “Боц боц“ Радио Делчево,
Во текот на неговата долгогодишна творечка кариера има соработувано со голем број на странски и домашни организации, изданија и соработници од кои позначајни се:
“Јеж“,“Хумор“,“Секси хумор“,“Секси рама“,“Остен“’,“Македонски остен“,“Хихириху“,“Од девет до дванаесет“,“Нова Македонија“,“Лик“...
Миле Ѓорѓијоски е единствениот автор со вака богат творечки опус во Делчево и се вбројува во еден од ретките стожери во македонската ризница на афористичари кои секојдневно на своите дела им даваат дополнителна сила и енергија, сврстувајки го овој литературен род рамноправно на полиците со целокупната модерна македонска литературна дејност.
Живее и активно работи во Делчево.
На Балканот нема веќе човекојадци.
Сите преминаа на здрава храна
Автор:Миле Ѓорѓијоски
I Контакт <> Веб дизајн <> Веб хостинг <> Маркетинг <> Фото продукција <> Видео продукција <> Графички дизајн I |