Во петок 05.09.2014 година во салата во Спомен домот АСНОМ во Делчево се одржа меѓународниот спектакуларен фестивал на модерни танци и балет именуван како "Балканот пее и игра".

Огромниот број на посетители во преполната сала имаа можност да погледнат вистинска сензација и колоритност на двежење во ритамот на музиката од различни светски мередијани и поднебја.

 

 

Фестивалот кој започна со впечатливо дефиле по улиците на центарот во Делчево беше вистинско доживување за крај на летото во нашиот град. Танцови групи и поединци од Делчево, Пробиштип, Гевгелија како и од Благоевград (Р.Бугарија) беа своевидна атракција за присутните граѓани кои дојдоа да го погледнат фестивалот.

Во текот на повеќе-часовната програма настапија следните танцови имиња:

Танцово дуо: "Дијамант"-Благоевград, Балетската група "Астра"-Благоевград, Танцов состав "Ex-Crew"-Благоевград, Клубот за спортски танц од Благоевград, Студио за поп и џез пеење од Благоевград, Студио за модерни танци од Гевгелија, Солисти од Детскиот фестивал "Калинка" од Гевгелија, Балетската група "Црвена роза" од Пробиштип, Студиото за модерни танци од Богданци, Солисти и пеачи од Делчево.

За крај на прекрасната вечер во предвечерието на празнувањето на 7-ми и 8-ми Септември, беше приредена спектакуларна журка за младите делчевчани и гостите во фоајето на Спомен домот АСНОМ од Делчево со ди-џеј "СЛАВИ" од Благоевград.

Организатор на настанот беше НУЦК "Никола Јонков Вапцаров" од Делчево во соработка со Градоначалникот на Општина Делчево г-динот Дарко Шехтански.

  

Повеќе фотографии од настанот може да се прегледаат во нашата галерија или на нашата фејсбук страна.

За заинтересираните наскоро ќе следи видео приказ на целиот настан на нашиот портал...

Joomla Templates and Joomla Extensions by JoomlaVision.Com

Интернационални актуелности - Култура